Поврзете се со нас

Англија

Фердинанд со остри коментари за еден играч на Тотенхем: Чекав некој играч да му се пушти, ако имаше фанови ќе му свиреа

Објавено

на

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд во моментов работи како стручен аналитичар на натпреварите од Премиер лигата за „БиТи Спорт“.

Фердинанд денеска беше во друштво на Глен Ходл во студиото на реномираната телевизија од каде упати жестоки критики кон еден играч на Тотенхем по поразот на клубот од Лондон од тимот на Лидс кој славеше со 3:1.

Рио го нападна Ерик Ламела за кого истакна дека не е сериозен затоа што кога неговиот тим губел со 3:1 тој пробал да изведува трикови.

– Ламела влезе и имаше некое влијание, а имаше и момент кога проба да одигра рабона, а тогаш тие губеа со 3:1. Важна беше рекацијата и на соиграчите од Тотенхем, барав некој кој ќе му се развика поради тоа.

– Не можам да разберам дека во еден клуб некои играчи не добиваат „воспитни“. Требаше некој да му каже дека тие се стигнати тука за резултат, а не за индивидуални потези. Ако имаше фанови, сигурно ќе му свиреа. Ќе имаше доста навивачи кои ќе му се втурнеа в лице.

– Што кажува ова на другите тимови? Дека во Тотенхем не се сериозни, воопшто не се сериозни за ситуацијата, -изјави Рио Фердинанд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни