Англија
Фердинанд: Со него Арсенал ќе ја освои Премиер лигата

Арсенал иако во неколку наврати беше блиску веќе некое време не успева да ја освои титулата во Премиер лигата или поточно на таков резултат се чека веќе две децении.
И во оваа кампања „топчиите“ имаат квалитетен, силен тим, но одново како нешто да недостига затоа што заостанува шест бода во однос на лидерот Ливерпул кој имаа и уште еден меч во своите раце што значи таа предност може да биде и повисока.
Се очекуваше поголема активност од „топчиите“ во овој зимски преоден рок, меѓутоа иако се ближиме до крајот тие остануваат мирни и немаат донесено ниту еден играч во офанзивната линија, Многумина сметаат дека на Арсенал му е потребен напаѓач, став кој го дели и некогашниот англиски репрезентативец Лес Фердинанд кој смета дека ако клубот од северен Лондон го доведе Александер Исак тогаш може да се надева на трофеј во ПЛ.
-Слушајте, тој во моментов е без најдобриот напаѓач во Европа. Кога дојде во Њукасл и во Премиер лигата знаев дека е добар напаѓач. Секогаш ќе биде потребно извесно време за да се прилагодите. Оваа лига е како ниедна друга по интензитет и по барања. На почетокот се здоби со мали повреди кои го оддалечија. Сега мислам дека го помина тој период и само е се подобар и подобар.
-Често зборуваме за тоа кои се најдобрите напаѓачи кои некогаш играле во Премиер лигата. Тој сигурно е на пат да стане еден од нив.
-Ако Арсенал сака напаѓач во моментов, земете го го Исак од Њукасл и ставете го во вашиот тим, мислам дека тогаш ќе ја освојат лигата… без сомнеж. Во дефанзива тие се најдобри во лигата. И начинот на кој Исак ги постигнува головите… но не сакам да го видам како оди во Арсенал. Тој навистина има квалитети да биде еден од најдобрите напаѓачи што оваа лига некогаш ги видела. И како што реков претходно, тој оди во вистинската насока, -порача Лес кој своемвремено беше еден од најквалитетните играчи во најсилната англиска конкуренција.
-
Лига на шампиони18 часа
Агуеро си игра со оган: Ако Реал го победи Сити…
-
Италија22 часа
Колина побара промена на едно важно пенал правило и привлече големо внимание во јавноста
-
Лига на шампиони17 часа
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
НБА24 часа
Нова убиствена комбинација: Дончиќ додава, ЛеБрон реализира (Видео)
-
Англија18 часа
Сколс за премиерлигашката ѕвезда: Тој треба да оди во подобар и поголем клуб од Арсенал
-
Лига на шампиони14 часа
Фуриозна кралска завршница: Реал со пресврт до голема победа на „Итихад“ (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони13 часа
Куртоа: Заслуживме да победиме, ова е духот…
-
Англија21 час
Играч на Евертон за најлошото искуство со еден менаџер: Лампард ме понижи, па една недела подоцна заработи отка