Поврзете се со нас

Англија

Фердинанд со брутална прогноза за финалето на „Вембли“ меѓу Јунајтед и Сити: Никогаш не сум се чувствувал вака

Објавено

на

Foto:instagram.com/rioferdy5

Завршената сезона во Премиер лигата не значеше крај на возбудувањата за два англиски тима, бидејќи Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед ќе ја спуштат завесата со директен дуел за трофеј во финалето на ФА Купот.

Градските ривали ќе ги одмерат силите утре на „Вембли“ во реприза на минатогодишното финале, па со оглед на формата и исходот од последните натпревари, Сити влегува како голем фаворит за победа и двојна круна во Англија.

Свесен за тоа е и легендарниот Рио Фердинанд, кој вели дека никогаш не бил поголем песимист пред едно финале кое го играл неговиот омилен клуб.

– Потпирајќи се на она што го гледав од двата тима цела сезона, во финалето влегувам без самодоверба. Никогаш не сум се чувствувал вака. Првпат ќе одам на Куп финале со помисла дека Јунајте има многу, многу мали шанси за да победи на натпреварот. Во минатото, секогаш сме велеле дека Јунајтед ќе победи во финалето, или дека Јунајтед има добри шанси да победи.

– За жал, разликата меѓу Сити и Јунајтед никогаш не била поголема. Падот кој го имаме во споредба со нив е огромен и затоа влегувам без самодоверба. Можеби да направиме мал проблем со играчи како Бруно, Рашфорд и Гарначо, може да имаме експлозивен момент, но што ќе правиме во преостанатиот дел од времето?

– Ќе останам без коса и брадата ќе ми стане уште побела. Сепак, надежта последна умира, мора да имаме надеж. Ќе треба да имаме луди перформанси и неверорјатна среќа за да извлечеме нешто од финалето. Моја прогноза? Срцето ми вели дека Јунајтед ќе победи на пенали, но главата ми вели дека Сити ќе не победи. Не можам да кажам точен резултат, едноставно мислам дека ќе не победат. Ќе ни го одземат трофејот од раце и дури нема да ја видиме топката, – брутално вели Фердинанд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни