Поврзете се со нас

Англија

Фердинанд се сомнева во најавеното засилување на Јунајтед: Не сум сигурен дека тој е вистинското решение

Објавено

на

Манчестер Јунајтед е во напредни преговори за двајца играчи на Баерн Минхен, за кои германскиот великан се очекува да заработи 70 милиони евра.

Станува збор за дефанзивците Нусаир Мазрауи и Матијс Де Лихт, играчи од кои за Ерик Тен Хаг и Јунајтед многу поважен е Холанѓанецот кој претходно играше и во Јувентус и Ајакс.

Сложената состојба на стоперските позиции го натера Јунајтед да плати многу пари за Јоро, но откако младиот стопер веднаш заработи повреда, стана јасно дека ќе мора да се купи уште еден играч.

Според информациите, само прашање на време е кога Де Лихт ќе слета на „Олд Трафорд“, а легендарниот Рио Фердинанд не е баш убеден дека тој е вистинското решение.

– Мазрауи е играч кој ќе добива шанса и кој ќе игра, особено поради тоа што Ван Бисака ќе биде продаден. Сметам дека Мазарауи е добра зделка, но сигурен сум дека Дало ќе има предност пред него. За Де Лихт не сум сигурен. Го гледав воо Ајакс, беше брилијантен во годината кога стигнаа до полуфинале, тогаш командуваше во одбраната и имаше вистински став.

– Потоа замина во Јувентус и сите мислевме дека тоа е добар потег, мислевме дека ќе учи од Бонучи и Кјелини. Наместо тоа, неговото време таму беше исполнето со разочарувања. Од тој момент, неговата кариера има разочарувачки тренд. Мислам дека имаше само 16 старта минатата сезона, има многу повреди и не играше мноогу последните две години. За таков играч Манчестер Јунајтед ќе плати околу 45 и 50 милиони евра. Тој не беше стартер во последните два тима и лани местото му го зема Даер.

– Јунајтед ќе биде голем предизвик за него, ова е голема шанса за Де Лихт, но не сум сигурен дека тој е решението и дека тој е вистинскиот одговор за проблемите, – вели Фердинанд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни