Поврзете се со нас

Европски првенства

Фердинанд: Само три тима можат да го освојат ЕП

Објавено

на

Foto:instagram.com/rioferdy5

Англиската јавност на големо пишува за седумте изоставени на Герет Саутгејт од конечниот список за Европското првенство, но во ист ден, Рио Фердинанд го интервјуираше селекторот на една од селекциите кои се фаворити за највисок пласман.

Фердинанд верува дека Роберто Мартинез има многу моќен португалски тим и дека може да оди до самиот крај, иако им посака на „црвените ѓаволи“ да завршат како второпласирани на турнирот во Германија.

Според Рио, на стартот на турнирот има само три изразити фаворити за највисок пласман, па според него, победникот ќе се бара од Англија, Португалија и Франција.

– Сакам да ти посакам среќа за турнирот и се надевам дека ќе завршите втори зад Англија, тоа би било најдобро за нас.

– Мислам дека трката ќе се води меѓу вас, Англија и Франција. Само тие три тима можат да ја освојат титулата, не можам да видам ниту еден друг тим како го подигнува трофејот, – вели Фердинанд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни