Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Фердинанд: Само два тима се закана за Сити во ЛШ

Објавено

на

Манчестер Сити со убедлива претстава против РБ Лајпциг обезбеди место во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Англискиот шампион си поигра со германскиот прволигаш совладувајќи го со неверојатни 7-0 во меч во кој пет гола постигна Ерлинг Халанд. Со ова „граѓаните“ испратија јасна порака дека ќе направат се што е потребно за да го остварат сонот и конечно го донесат европскиот трофеј на „Итихад“.

Сепак на тој пат и таа цел има уште неколку пречки, а според Рио Фердинанд само два клуба се вистинска закана за премиерлигашот-тоа се Баерн Минхен и Наполи.

-Сити ќе размислува „да останеме подалеку од Баерн и Наполи“. Се останато се игра. Тие се толку добар тим. Тие сега имаат искуство на ова ниво и ги добија играчите што можат да му наштетат на било кој тим на планетата, -порача Фердинанд за „Би-Ти Спорт“.

Овен Харгривс исто така смета дека само Наполи е опасност за избраниците на Пеп Гвардиола.

-Ако Сити игра вака не мора за никого да се грижат. Не треба да се грижат за Бенфика, Милан или Интер. Најпотценет тим е Наполи. Кога се во ритам, тие се закана, тие ќе бидат сериозен противник. Тие се еден од најдобрите екипи во Европа оваа сезона, еден од најопасните тимови, тие играат убав фудбал. Ако не ги почитувате, тогаш треба да одите и да ги гледате затоа што тие се вистинската работа. Сериозно, тие би можеле да ја освојат Лигата на шампионите, -истакна Овен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни