Поврзете се со нас

Англија

Фердинанд пројави сочувство кон играчот кој беше понижен на „Олд Трафорд“: Тоа беше болно за гледање

Објавено

на

Foto:instagram.com/rioferdy5

Манчестер Јунајтед ја затвори годината со четири порази во низа и потврди дека е во ужасна форма, но топ тема на Островот веќе два дена е непријатната ситуација која ја доживеа големото летно засилување на „Олд Трафорд“.

Рубен Аморим реши да го извади Џошуа Зиркзе од игра по само 33 минути и со повлечениот потег направи Холанѓанецот да биде жестоко исвиркан на отворена сцена, ситуација која направи на многумина да им падне жал за напаѓачот.

Менаџерот на Јунајтед ги објасни своите причини за извршената измена во толку рана фаза, но после Гери Невил, со сочувство кон фудбалерот сега се јави и Рио Фердинанд.

– Навистина ми е многу жал за Зиркзе. Тоа беше болно за гледање и како поранешен фудбалер, воопшто не ми беше сеедно. Бев огорчен што еден фудбалер доживува такво нешто. Самото тоа што сте повлечени по 30 минути е доволно тешко, а после следеше и реакцијата од стадионот….

– Имаше свирежи и слични работи и тоа е навистина тешко за прифаќање. Моите мисли се со него и навистина се надевам дека чќе се опорави од овој удар. Сум гледал и многу поголеми играчи како добиваат ваков третман, работата е да покажете истрајност и да се вратите посилен. Се надевам дека ќе му успее тоа на Џошуа, но сметам дека во ваква ситуација треба да добие помош и заштита од капитенот Бруно Фернандеш, – изјави Фердинанд.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни