Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Фердинанд прогнозираше кој ќе ја освои титулата во ЛШ

Објавено

на

Foto:instagram.com/rioferdy5

Зад нас е осминафиналната рунда во Лигата на шампионите, односно по натпреварите во вторник и среда ги имаме паровите за четвртфиналето и тоа се: Барселона-Борусија Дортмунд, Баерн Минхен-Интер, Арсенал-Реал Мадрид и ПСЖ-Астон Вила.

Мечевите од наредната фаза ќе се играат наредниот месец што значи има време до следните возбудувања во елитното натпреварување, но ова не беше проблем за легандарниот англиски стопер Рио Фердинанд да даде една прогноза, предвидување затоа кој според него ќе стигне до крајот и ќе го крене пехарот во Минхен.

-Многу сум возбуден, каква ждрепка. Ако треба да предвидам кој ќе ја освои Лигата на шампионите, типувам на финале Барселона- ПСЖ. Ќе биде ПСЖ или Реал Мадрид. ПСЖ беше најдобриот тим што го гледав за мене оваа година во нокаут-фазата, дефинитивно најимпресивниот, па затоа ќе одам со нив.

-Фактот дека во нивната лига можат да си дозволат да ги одморат играчите, тоа ќе биде огромна работа за овој тим на ПСЖ да напредува. Ливерпул играше со осум од истите играчи кои играа викендов во Лигата на шампионите и мислам дека ПСЖ ги одмори повеќето од своите играчи, ако не и сите. Голема разлика, свежина за прегазување на тимови.

-Типувам на ПСЖ да триумфира, иако тоа е во ДНК на Реал Мадрид, ќе одам со нив да освојат титулата, -порача Рио.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни