Поврзете се со нас

Англија

Фердинанд ги посочи трите екипи во кои сака да го види Мурињо

Објавено

на

Жозе Мурињо ја заврши соработката со Рома, тим во кој ќе биде запаметен по двете финалиња во европските купови и секако освоениот трофеј во Конференциската лига.

Португалецот сега е слободен агент и останува да се види дали тој брзо ќе прифати некој нов предизвик или ќе земе одмор за да ги наполни батериите пред официјално да му се врати на фудбалот.

Мурињо веднаш беше поврзан со некои можни ангажмани, преселба во Саудска Арабија, потоа го „однесоа“ во Барселона, се говори и за Наполи што значи има различни информации, гласини во медиумите. Рио Фердинанд како сегашен аналитичар, експерт ги прати сите работи, па од свој агол посочи три екипи, места во кои сака да го види „специјалниот“.

-Во Челси? Мурињо? Нема шанси. Овие момци, овие Американци [сопствениците на Челси] не се враќаат назад така. Не назад во однос на талентот или класата… тие не се враќаат назад и не ангажираат поранешен менаџер. Би сакал да го видам Жозе таму, морам да бидам искрен. Јас, лично, Жозе, те молам, се надевам дека ќе ја добиеш работата ако Покетино не се снајде добро. Мислам дека тие ќе останат со Покетино.

-Ако не оди во Челси, каде ќе оди? Њукасл? Би сакал таму го видам. Ама Еди Хау, човеку, тој беше нереален, не сакам да си замине.  Мислам дека ФА не би го ангажирала Жозе Мурињо. Јас тоа би го направил. Ама не мислам дека ФА… тие нема да одат од Герет Саутгејт до Мурињо. Тоа е преголема разлика во карактерот и личноста. тоа не се случува, -рече Рио во подкастот „Vibe With Five“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни