Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Фердинанд посочи кој е клучот за победата на Реал и порача: Е ова ќе биде финале

Објавено

на

Некогашниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, а сега стручен аналитичар на состојбите во европскиот фудбал, Рио Фердинанд го даде своето видување за вечерашната епска пресметка меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити.

Фердинанд од студиото на „БиТи Спорт“ го посочи човекот кој е клучен за победата на Реал на оваа средба.

Станува збор за стратегот на „кралевите“, Карло Анчелоти кој ги погоди замените на клубот, замени кои му донесоа ново финале во Лигата на шампионите.

– Анчелоти направи феноменални измени и го промени натпреварот. Играчите в овие две средби не почестија со неверојатен фудбал. Ова ќе биде неверојатно финале. Навистина се чувствувам благословен што го гледав натпреваров, -изјави Фердинанд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни