Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Фердинанд посочи како Сити може да остане без трофејот во ЛШ: Никој не може да ги добие…

Објавено

на

Манчестер Сити рутински го одработи соочувањето со ФК Копенхаген и со две победи од по 3-1 обезбеди пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите, натпреварување во кое го брани трофејот кој го освои минатата година.

„Граѓаните“ заедно со Реал Мадрид, Баерн Минхен и ПСЖ се екипите кои досега обезбедија билет за следната фаза, а наредната седмица ќе ги добиеме останатите патници за следната рунда.

Тренерот на ФК Копенхаген, Јакуб Неструп веќе го посочи Сити како тим кој одново ќе го освои пехарот, а сличен став околу оваа тема има и легендарниот Рио Фердинанд кој смета дека само една работа може да го спречи премиерлигашот одново да не биде европски шампион.

-Едноставно не гледам некој да ги добие во двомеч. Тогаш зависи кој ќе стигне во финалето. Со кого и да играат во финалето, потребна е таа ѕвездена прашина од еден или двајца играчи кои можат да го свртат натпреварот, тогаш имаат можност, шанса. Ама Сити мислам дека тие се истакнати фаворити. Тие се ниво погоре, -порача Рио за „ТНТ Спортс“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни