Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Фердинанд откри што му порачал на Пепе по големата победа на Порто над Арсенал (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCPorto

Рио Фердинанд имаше работни обврски на „Драгао“ како стручен аналитичар на „ТНТ Спортс“, но пред да добие завршен коментар по крајот на мечот, поранешниот стопер се најде во прегратка со една фудбалска легенда која е се уште активна.

Пепе за неколку дена ќе наполни 41 година и тоа не му смета да игра на највисоко можно ниво, а дефинитивно нема нешто повисоко од настап во Лигата на шампионите.

Ветеранот беше стартер во тимот на Порто кој вчера го победи Арсенал со 1:0 во самата завршница, по што Фердинанд му поставил едно интересно прашање во моментите кога беа уловени во симпатична прегратка.

– Пепе е како маршал во овој тим на Порто, тој командува во одбраната на Порто. Мислам дека ќе полни 41 година во понеделник, неверојатно е само да помислите како го одржува своето тело на ова ниво.

– Тоа беше она што го прашав, го прашав „Како го правиш ова?, а тој ми возврати дека се уште се чувствува силно. Се уште има самодоверба. Убаво рече Мартин Кион, треба да бидете цврти во главата во таа фаза од кариерата, – изјави Фердинанд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни