Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Фердинанд остана без текст од една ѕвезда на Реал: Ова е момчето кое го сакате за вашата ќерка (Фото)

Објавено

на

Рио Фердинанд ја одработуваше шампионската ноќ во Европа како стручен аналитичар за „ТНТ Спортс“, а по крајот на големите возбудувања на „Итихад“, имаше можност да разговара со Џуд Белингам.

Легендата на Манчестер Јунајтед веќе подолго време дели низа комплименти за фудбалерот кој беше трансфер мета и на „ѓаволите“, но сега отиде чекор повеќе и го изанализира Џуд од родителска гледна точка.

Белингам имаше сензационален прием на топката во акцијата по која Реал поведе со 0:1, а она што посебно го фасцинира Рио е фактот што Џуд секогаш се појавува на теренот кога е најтешко.

– Ако вашата ќерка донесе некое момче пред вашата врата, типот кој сакате да се појави е Џуд…… Тоа е момчето кое сите сакаат да се појави.

– Тој има посебна аура во себе, има огромна самодоверба и видовте како се однесува во клуб како Реал во кој игра со големи фудбалски легенди. Кога го гледате како се движи и како се однесува, брзо заклучувате дека тој е „избраниот“. Ни презентира нестварни моменти во така рана фаза од карерата, – изјави Рио.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни