Поврзете се со нас

Англија

Фердинанд објасни зошто Милан не е добар избор за Рашфорд

Објавено

на

Foto:x.com/ManUtd

Маркус Рашфорд останува изоставен од Рубен Аморим и веќе некое време не е во конкуренција за првиот тим на Манчестер Јунајтед, ситуација кога направи англискиот напаѓач да биде активен на трансфер пазарот.

Желбата на Манчестер Јунајтед е да се ослободи од напаѓачот со цел да се стави крај на непријатната ситуација со момчето кое потекнува од младинската школа, па иако за неговите услуги се заинтересирани неколку клубови, засега нема ниту една конкретна понуда до клубот од „Олд Трафорд“.

Еден од клубовите кои најзвучно се споменуваа во јавноста е италијанскиот великан Милан, но Рио Фердинанд смета дека клубот од „Сан Сиро“ не е вистинска средина за Маркус во овој момент.

– Сите зборуваат за Милан, но Милан го има Рафа Леао во тимот. Се додека тој не си замине, не гледам како Маркус би играл во Милан на омилената позиција. Затоа, сметам дека многу е тешко тој да заврши во Милан. Леао е најдобар играч на Милан и игра на иста позиција како Маркус.

– Не гледам како би се реализирал овој трансфер, ќе бидам изненаден ако заврши во Милан со оглед на актуелниот ростер кој го имаат „росонерите“. Во овој момент, за мене многу пологична опција изгледа Борусија Дортмунд, клуб во кој докажано е дека можат да играат англиски фудбалери, – вели Фердинанд.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни