Поврзете се со нас

Шпанија

Фердинанд обелодени зошто Белингем не завршил во Јунајтед: Ова го дознав од сигурен извор!

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Рио Фердинанд уште минатата година говореше за стратосферскиот развој на Џуд Белингем и постојано го препорачуваше до управата на Манчестер Јунајтед, но на крајот Англичанецот ги одби премиерлигашките и направи трансфер во Реал Мадрид.

Поточно, Јунајтед не испрати ниту официјална понуда и прерано се откажа од тогашната ѕвезда на Борусија Дортмунд, а Рио Фердинанд вели дека Џуд иако имал желба за враќање во Англија, не добил гаранција дека ќе биде главен играч во тимот на Тен Хаг.

– Знаете ли што слушнав? Белингем барам гаранција дека ќе биде важен играч во првиот тим на Јунајтед, но не го добил тоа. Јунајтед не сакал да му ја даде таа гаранција.

– Информацијата која ја добив е од многу сигурен и добар извор. Кога не му била дадена гаранцијата, решил да си ја бара среќата на друго место, знаејќи колку вреди.

– Сега е во Реал Мадрид и едноставно растура во овој клуб, тој ги излуде сите на „Бернабеу“. Неверојатен е и сега слободно може да им сврти грб на тие кои не веруваа во него, – вели Фердинанд во своето последно обраќање на јутјуб каналот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни