Поврзете се со нас

Англија

Фердинанд не верува во Арсенал: Тоа е лудо, тие се…

Објавено

на

Арсенал имаше импресивно издание против ПСВ во Лигата на шампионите, победа од 7-1 во Ајндховен со што практично обезбеди билет за четвртфиналето во оваа конкуренција.

Меѓутоа овој резултат не му значи ништо на легендарниот англиски стопер Рио Фердинанд кој смета дека има дури четири подобри екипи од премиерлигашот на нивната страна од ждребот во ЛШ, односно не му дава никакви шанса за освојување на титулата.

-Мислам дека тие се веројатно петтиот најдобар тим во Лигата на шампионите на таа страна од ждрепката. Не зборувам ни за целото натпреварување, од таа страна на ждрепката.

-Тие се зад Ливерпул, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Пари Сен Жермен. Арсенал е петтиот најдобар тим на таа страна на ждрепката. Тоа е лудо. Тие се оддалечија од тоа каде што беа минатата година. Тие назадуваа, верувам во тоа. Регрутирањето треба малку да се помести.

-Не можете да имате играч за врска да игра напаѓач кога се обидувате да ја освоите Премиер лигата и Лигата на шампионите. Тие имаа можност во јануари [да потпишат нов напаѓач], но немаше посакувани имиња на располагање. Дефинитивно ќе притискав за центарфор, 100 проценти. Хаверц заврши добра работа, ама потребна е деветка, -порача Рио за својот Јутјуб канал.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни