Фердинанд: Направив обиколка во куќата на Роналдо и тоа што го видов во неговата соба ме шокираше!

rio-kiki

Рио Фердинанд во неколку наврати има излезено со изјави со кои јасно става до знаење дека Кристијано Роналдо е најдобар пример за сите деца кои еден ден сакаат да станат фудбалери, бидејќи професионалниот пристап на Португалецот според него е нешто што претходно никој го нема направено во фудбалот.

Легендарниот стопер на Манчестер Јунајтед имаше можност одблиску да го следи прогресот на еден од најталентираните фудаблери во историјата, но и еден од најупорните со оглед на формата која ја одржува и на 34-годишна возраст. Во последното интервју кое го направи за специјализираниот портал „Гол“, Рио откри една анегдота од времето кога Кристијано беше на „Олд Трафорд“, со што долови како изгледала работната атмосфера во домот на актуелната ѕвезда на Јувентус.

– Кога се во прашање Кристијано Роналдо и Леброн Џејмс, за двајцата треба да се издвои по цела страна и да се пишува. Роналдо сега има 34 години и се уште е на врвот во фудбалот, а веќе цела декада е меѓу најдобрите во светот. Леброн веќе 17 години е во НБА и игра на највисоко ниво. И двајцата се смешни, – порачува Рио и во продолжение открива.

– Кристијано е првата личност во фудбалот која инвестираше во свој сопствен тим. Еднаш направив една обиколка во неговата куќа и тоа што го видов во неговата соба ме шокираше. Имаше десет луѓе и тогаш го запрашав, кои се овие, што се случува? А тој почна да ми одговара: Ова е мојот кувар, ова е мојот физиотерапевт, ова е мојот доктор и ова е мојот личен тренер. Си замина од Јунајтед како најдобар играч во светот и ако треба да им дадам совет на младите фудбалери, ќе го кажам следното: Ако имате средства, инвестирајте во свој тим на начин како тоа го направи Роналдо, – завршува Фердинанд.

 

Facebook Коментари