Поврзете се со нас

Англија

Фердинанд направи голема утка со Ешли Јанг, па си фати сеир на своја сметка (ФОТО)

Објавено

на

Мерсисајд соочувањето меѓу Ливерпул и Евертон заврши со победа на домаќините од 2-0 со погодоците кои во завршната фаза ги постигна напаѓачот Мохамед Салах.

Салах донесе триумф за „црвените“ во Мерсисајд дербито, Ливерпул е нов лидер во ПЛ (ВИДЕО)

„Црвените“ од 37 минута имаа играч повеќе на теренот со оглед на тоа што ветеранот Ешли Јанг беше исклучен, поточно заработи два жолти картони и предвреме заврши на туширање.

Токму Јанг беше проблем за луѓето од ТНТ Спортс, поточно за аналитичарите Рио Фердинанд и Али МекКојст кои во повеќе наврати направија големи утки, лапсузи со тоа што ветеранот на Евертон го смешаа со Ешли Кол, пензионираниот англиски репрезентативец.

Имаше реакции од гледачите, публиката, па Рио и компанија си фатија сеир на своја сметка.

-Ова е клубот на Ешли Кол-напиша Рио.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни