Англија
Фердинанд му се спротивстави на Кин: Зарем ни е потребна уште една сага?

Рој Кин испрати брутален предлог до Ерик Тен Хаг по крајот на манчестерското дерби, советувајќи го актуелниот менаџер да му ја одземе капитенската лента на Бруно Фернандеш.
Легендарниот Ирец му даде поддршка на Тен Хаг и порача дека тој е вистинскиот човек за да го води тимот, но истото мислење не го дели за човекот кој треба да биде лидер на теренот.
– Првата работа која јас би ја направил е промена на капитенот. Бруно Фернандеш не е материјал за капитен. Тој постојано се жали и „плаче“. Тој е целосен контраст од тоа како треба да изгледа еден капитен, – изјави вчера Кин.
Поради неговата популарност во Англија, оваа изјава брзо отвори голема дебата во јавноста и голем број навивачи на Јунајтед се согласија со поранешниот капитен, но не и Рио Фердинанд.
– Не може да „фрламе“ такви коментари во јавноста. Тоа што го кажа Рој е лудо. Ова го велам бидејќи досега најголемите проблеми за Тен Хаг ги создадоа сагите кои ги имавме во неколку месеци. Прво беше Гринвуд, потоа Санчо, сега го имаме и Антони. Зарем ни треба уште една сага со капитенската лента? Сите видовме како тоа влијаеше кога му беше одземена лентата на Мегавер.
– Капитенската лента во еден клуб е огромна работа и сметам дека не е вистинско време да има промена. Наместо да се фокусираме на фудбал, се фокусираме на други полиња. Не ни е потребна уште една непотребна сага во клубот, не верувам дека тоа ќе помогне во оваа тешка ситуација, – изјави Фердинанд.
-
Македонијапред 20 часа
(ФОТО) Новиот автомобил на Иџе пристигна во Скопје
-
Италијапред 20 часа
Малдини откри како бил отпуштен од Милан и распали по првиот човек на клубот
-
Германијапред 12 часа
Нереален автогол: Голман на Хамбургер со „мајсторија“ која ќе ја памети до крајот на животот (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 14 часа
Анчелоти го спореди Белингем со бразилска легенда: Изненаден сум од него…
-
Англијапред 12 часа
Гвардиола воодушевен од тренерот на Тотенхем: Тој го прави фудбалот подобро место, уживам да ги гледам
-
Шпанијапред 23 часа
Флорентино и Чоло уловени во интересна конверзација: Ќе бидеш горд…… (Видео)
-
Англијапред 13 часа
Тен Хаг: Онана е втор најдобар голман во Премиерлигата
-
Италијапред 17 часа
Влаховиќ за својата одлука: Го направив она што најмногу го посакував