Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Фердинанд му ги посочи двете најголеми закани на Гвардиола во Лигата на шампионите

Објавено

на

blank

Манчестер Сити славеше над Борусија Менхегладбах со 0:2 и направи голем чекор кон четвртфиналето во Лигата на шампионите, натпреварување во кое „граѓаните“ полека се издвојуваат како едни од главните фаворити за титулата со оглед на страшната форма во која влегоа.

Англискиот тим има низа од 19 победи едноподруго и начинот на кој стигна до триумфите делува застрашувачки, а иако Рио Фердинанд се согласува со ваквите најави поврзани за актуелниот лидер во Премиер лигата, не пропушти да нагласи дека тимот на Пеп Гвардиола има и две сериозни закани во најелитното натпреварување.

Легендарниот Рио смета дека главни конкуренти на Сити за титулата се актуелниот првак Баерн Минхен, како и ПСЖ кој одигра фантастично на „Камп Ноу“.

– Мислам дека Баерн го поседува потребниот квалитет и искуство за вакво натпреварување. Исто така, го вбројувам тука и ПСЖ како главен конкурент на Сити.

– Баерн секако е фаворит, но кога е во прашање ПСЖ го велам следното. Дали Сити ќе игра до толку отворено и офанзивно против двајца играчи како Нејмар и Мбапе. Прашањето ми е следно, дали ќе се повлечат, или ќе играат со отворен гард. Мислам дека со ова второто се прави огромен ризик, – потенцира Рио.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни