Англија
Фердинанд: Јунајтед е еден од најлошите клубови во светот за испраќање легенди!

Рио Фердинанд како поранешен капитен на Манчестер Јунајтед не ја заврши кариерата на „Олд Трафорд“, откако наиде на недоразбирање со клубот околу можното продолжување на договорот за уште една година.
Поради тоа, поранешниот стопер направи трансфер во КПР и кариерата ја заврши во овој клуб, па неговиот случај беше само уште еден доказ дека на Манчестер како клуб му недостасува класа, односно потребна логистика од водечките структури за испраќање на легендарни фудбалери.
Последно оваа тема ја активираше братот на Лингард кој остана бесен на тоа што Џеси не доби проштален поздрав од Јунајтед, потенцирајќи го тоа дека офанзивниот фудбалер бил дел од академијата на клубот од својата седма година.
– Јунајтед е еден од најлошите клубови во светот за испраќање важни играчи. Гледате клубови од странство како се однесуваат кон играчи кои оставиле трага, добиваат величествени испраќања и тоа ми изгледа правилно. Јунајтед не знае да ги третира овие работи како што треба. Не велам дека секој заслужува, но тоа е убав начин да си одите од клубот. Јас искрено бев нак..чен за тоа како си отидов од клубот, но ми помина нервозата, сега сум во ред околу тоа.
– Го сфаќам и братот на Џеси, знам како може да се чувствува, но мислам дека избрза. Требаше да ја види историјата на клубот, дека нема испраќано и поголеми играчи од Џеси, поголеми играчи од Џеси не добија испраќања. Требаше да стапне на сопирачката, но секој размислува различно, – гласи изјавата на Рио поврзана за објавата на братот на Лингард.
-
Англијапред 21 час
Мерсон за повлечениот потег на Арсенал: Тој не може да биде стартер ниту во Фулам
-
Светпред 14 часа
Халанд не се однесува како голема ѕвезда и ги воодушеви присутните на плажа во Марбелја (Видео)
-
Англијапред 13 часа
Фоден избркан од луксузна плажа на Крф поради бесна караница со својата девојка (Видео)
-
Светпред 22 часа
Ди Марија се плаши за местото во репрезентацијата: Само еден е сигурен!
-
Италијапред 14 часа
Малдини со рецептот „Тео Ернандес“ привлекува играч на Реал кој е во последната година од договорот (Фото)
-
Германијапред 21 час
Барселона се впушта во завршна офанзива за Левандовски
-
АТПпред 21 час
Циципас триумфираше во Мајорка, Надал му испрати порака: Победи го Ѓоковиќ на Вимблдон (ВИДЕО)
-
Светпред 23 часа
Бејл ги потврди гласините и позираше со новите клупски обележја: Се гледаме наскоро (Видео)