Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Фердинанд јавно го прозва Меси и му постави неколку сериозни прашања

Објавено

на

Рио Фердинанд не го штедеше Пеп Гвардиола и му порача дека се „самоубил“ со својата тактика на мечот против Лион, посочувајќи го за главен виновник за новата болна елиминација која ја доживеа Манчестер Сити во Лигата на шампионите.

Покрај ова, легендарниот стопер на Манчестер Јунајтед во студиото на „Би-Ти Спорт“ не можеше да остане рамнодушен и на топ темата од еден ден претходно, односно дебаклот кој го претрпе Барселона во четвртфиналниот дуел со Баерн Минхен.

Каталонците загубија со 8:2 во натпревар кој беше максимално едносмерен, а бидејќи ова е трето понижување за Барселона во низа во Лигата на шампионите, многумина се прашуваат дали Лионел Меси треба да и верува на управата во обидот да се состави конкурентен тим.

Меси го одолговлекува продолжување на договорот кој истекува наредното лето, па Фердинанд сега му испрати директно прашање на Лео од студиото на „Би-Ти Спорт“.

– Дали сакаш да останеш во Барселона без да осовиш ништо? Сакаш да го минеш времето носејќи го тој дрес, без оглед на послабите партии од другите големи екипи во Европа? Дали имаш време да седнеш и да размислуваш?, – започна Рио и продолжи.

– Кога играте фудбал, животот минува многу брзо, па затоа во наредните две години во кои ќе може да влијае на начин на кој се уште го прави тоа, се поставува следното прашање: Дали сакаш да се натпреваруваш без да се бориш за големи титули?, – јавно запраша Фердинанд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни