Поврзете се со нас

Англија

Фердинанд: Јас и Видиќ имавме жестоки расправии со Мојс

Објавено

на

Дејвид Мојс беше осуден на пропаст во Манчестер Јунајтед многу брзо бидејќи ни одблиску не успеа да ги повтори последните резултати на Сер Алекс Фергусон, па со неговата 12-месечна етапа на „Олд Трафорд“ започнаа турбуленциите во клубот кои се актуелни и ден денеска.

Мојс не успеа да се носи со притисокот и покрај поддршката од сонародникот Сер Алекс на крајот заработи отказ од одговорните луѓе во клубот, а во своето кратко време на театарот на соништата, успеа да собере повеќе непријатели отколку пријатели, а кога се вели ова, се мисли и на новинарите.

Дел од нив пренесуваа секакви информации поврзани за хаосот кој настанал во соблекувалната под негово водство, па се прочу и приказната дека тој на Рио Фердинанд и Немања Видиќ им покажувал видеа од Фил Јагелка кого го тренираше во Евертон.

– Да бидам искрен, не знам од каде излезе тоа, всушност тоа е нешто што никогаш не се случи. Фил Јагелка беше многу добар играч, но Мојс сигурно не ни пушти негови видеа за да ни покаже што да правиме, – изјавил Рио за „606 Savage Social“ и додаде дека имал доста жестоки расправии со Мојс.

– Не знам од која страна дојде таа приказна, некој ја измисли. Иако, да бидам искрен и праведен, имавме неколку жестоки дискусии со Мојс. Имавме жестоки средби јас, Мојс и Видиќ. Не се согласувавме за одредени работи во одбраната. Тој сакаше одредени нешта и имаше свои замисли, а ние не се согласувавме со него, – потенцира Фердинанд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни