Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Фердинанд ја продолжи дебатата и наброја само 12 играчи кои се светска класа (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCPorto

Рио Фердинанд отвори голема дебата во англиската спорстска јавност со заклучокот дека Букајо Сака се уште не е светска класа на фудбалер, став кој одново мораше да го повторува во синоќешното гостување во Порто.

Додека го одработуваше натпреварот меѓу Порто и Арсенал, Рио за свој соговорник во „ТНТ Спортс“ го имаше Мартин Кион, на кого мораше да му објаснува зошто Џуд Белингам доби место во неговата листа на играчи кои се светска класа, а Букајо Сака сепак не.

Според легендата на Јунајтед, во овој момент има само 12 играчи за кои може да се каже дека се светска класа, а тоа се Едерсон, Вокер, Родри, Де Брујне и Халанд од Сити, Бекер, Ван Дајк и Салах од Ливерпул, но најде место и за Килијан Мбапе, Хари Кејн, Винисиус Жуниор и последно Џуд Белингам.

Во своето појаснување, Фердинанд вели дека Белингам влегол во оваа листа поради своите изданија од стартот на сезоната, нагласувајќи дека набрзо тоа ниво ќе го достигне и Сака.

– Малку ми ја измешале листата со редоследот, Белингам беше најдоле на листата, тој влезе дури сега. Според мене, потребно е време Сака да влезе во таа листа. Тој сигурно ќе биде таму, игра во врвна форма, но потребно му е време.

– Сака има потенцијал да биде светска класа, но едноставно не бил изложен на притисок во нокаут фаза во Лигата на шампионите. Според мене, тоа ја прави разликата. Сите останати играчи на листата имаат играно престижни натпревари и продуцирале нешто во тие моменти, – објаснува Рио.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни