Свет
Фердинанд ја откри својата омилена ѕвезда од фудбалска Европа: Вакво нешто не правеше ниту Меси
„Глоуб“ фудбалските награди кои се одржаа во Дубаи привлекоа голем број фудбалски ѕвезди во Обединетите Арапски Емирати, а дел од елитата која продефилира на црвениот тепих беше и Рио Фердинанд.
Легендарниот стопер на Манчестер Јунајтед е составен дел од фудбалот како актуелен аналитичар и основач на популарен поткаст, па иако најчесто за задржува на теми кои се поврзани со клубовите од Премиер лигата, излетот во Дубаи го искористил да дава одговори и на новинари од други земји.
„Мундо Депортиво“ како еден од шпанските медиуми на настанот ја искористил можност да му постави едно прашање на Фердинанд, а истото било поврзано за најголемата фудбалска сензација во Европа, Ламин Јамал.
– Што да се каже за него, јас го сакам тоа момче. Ќе направам фотографија со него и ќе го прегрнам кога ќе го видам. Никогаш не сум видел некој да го прави тоа што тој го прави на негова возраст.
– Немавме видено, а нема ни да видиме нешто слично. На таа возраст веќе директно влијае на натпреварите, тоа не го правеше ниту Меси. Навистина го сакам и го обожавам овој фудбалер, – порачал Фердинанд во разговорот со каталонскиот медиум.
-
Италија23 часа
Консеисао директен: Можам да зборувам и два часа, но ако играчите…
-
Светски првенства20 часа
Николов и Начевски ја добија првата задача на СП
-
Италија18 часа
Поразителни бројки за „бјанконерите“: Овој Јувентус е далеку послаб од минатата сезона
-
Англија24 часа
Кукурелја беше жртва на еден од најбезобразните потези во Премиер лигата, судијата шокираше со одлуката (Видео)
-
Англија22 часа
Клоп со совет до Ливерпул за ситуацијата со Салах: Тој е најдобриот…
-
Англија20 часа
Гвардиола ја објасни „кавгата“ со голманот Ортега по ремито со Брентфорд (ВИДЕО)
-
Светски првенства9 часа
Лазаров: Неискуството не остави без победа, но јас сум горд на играчите!
-
Македонија21 час
РФМ и клубовите се збогуваат со Јовиќ: Загубивме вреден спортски работник…