Поврзете се со нас

Англија

Фердинанд изненаден од еден фудбалер на Арсенал: Иако е тинејџер веќе е лидер во клубот

Објавено

на

Рио Фердинанд испофали еден фудбалер на Арсенал  кој се издвојува од своите соиграчи со одличнте игри во изминатиов период.

Станува збор за младиот офанзивец на „топчиите“, Букајо Сака кој во моментов се наоѓа во најдобрата форма во кариерата.

Сака на вчерашниот натпревар против Саутемптон уште еднаш одигра на високо ниво постигнувајќи еден погодок и запишувајќи една асистенција при голот на Лаказет во победата од 3:1 на гостувањето на „Сент Мери“.

– Тој беше неверојатен. Неговите вештини и зрелоста со која игра се импресивни. Кога ги гледаме неговите настапи, тој дефинитивно се издвојува како лидер во клубот.

– Тоа што го прави е повеќе од сите други во тимот и тоа не може да остане незабележано. Мислам дека Артета ја знае неговата вредност во овој тим, -изјави Рио Фердинанд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни