Поврзете се со нас

Англија

Фердинанд излезе со тип за новиот шампион и топ четири распоредот во Премиер лигата

Објавено

на

Новата сезона во Премиер лигата ќе стартува вечерва на „Селхрст парк“, стадион на кој силите ќе ги одмерат Кристал Палас и Арсенал во пресметка со која ќе биде означен почеток на елитниот фудбал во Англија.

Подновениот Арсенал предводен од Микел Артета влегува во новата сезона со многу поголеми амбиции и страсти, па за разлика од лани, сега сите на „топчиите“ гледаат како силен фаворит за завршување при врвот на табелата.

Арсенал секако влегува како кандидат за топ четири пласман, но Рио Фердинанд сепак го исфрли тимот на Артета од својот избор за тоа како ќе изгледа конечната табела.

Легендарниот стопер на Јунајтед пред стартот на сезоната типува дека Манчестер Сити одново ќе биде тимот кој ќе треба да се победи и дека тие ќе слават нова титула, додека во топ четири ги подреди уште Ливерпул, Тотенхем и Манчестер Јунајтед предводен од Ерик Тен Хаг.

– Не можам да видам како некој ќе заврши пред Манчестер Сити. Регрутацијата која ја направија со Халанд беше одлична, го добија најдоброто на трансфер пазарот. Исто така, добија ширина во составот со Филипс од Лидс Јунајтед. Едниствена загуба е Стерлинг, но сметам дека годинава ќе дојде до израз Џек Грилиш.

– Тоа е мојот тип, а за топ четири, ќе кажам Сити, Ливерпул, Тотенхем, па Манчестер Јунајтед, по тој редослед, – вели Рио Фердинанд во интервјуто за „Вилијам Хил“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни