Поврзете се со нас

Англија

Фердинанд именуваше четворица играчи на Јунајтед кои не се вклопуваат во системот на Аморим

Објавено

на

Foto:x.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед со многу мака и со играч помалку успеа да го победи Ипсвич со 3:2, но овој триумф не ги брише проблемите кои ги има Рубен Аморим како менаџер на „Олд Трафорд“.

Свесен за тоа е самиот Португалец и секој оној кој редовно ги гледа натпреварите на англискиот великан, па откако самиот Аморим порача дека едвај чека да заврши оваа сезона, станува јасно дека ќе гледаме коренити промени во тимот во летниот преоден рок.

Рубен сигурно ќе добие шанса да изгради тим по свој вкус и свои параметри, па Рио Фердинанд веќе селектираше четворица фудбалери кои не се компактибилни со неговиот систем на игра.

– Ако бидеме брутално искрени, Јунајтед не го направи прогресот кој многумина го очекувавме. Од местото кое дојде и начинот на кој играше неговиот Спортинг, сите бевме воодушевени и очекувавме Аморим да донесе свежина во овој тим. За жал, не успеа да го пренесе сето она што го имаше во Спортинг.

– Работата е таква што сите го чекаме само крајот на сезоната, после тоа ќе следи регрупирање и градење отпочеток. Треба да изгради тим кој ќе прилега на неговите карактеристики. Спортинг беше динамичен тим со многу подвижни фудбалери, па јасно е дека ќе има промени во тој поглед.

– Зиркзе не е играч кој се вклопува во системот на Аморим, но истото важи и за Де Лихт, Мегваер и Хојлунд. Мислам дека менаџерот ќе треба да пронајде играчи кои можат да одговорат на неговите барања, не само тактички, туку и во физички гледна точка, – вели Фердинанд.

За споменатите четворица, Манчестер Јунајтед како клуб потроши повеќе од 230 милиони фунти, а постојат големи шанси тие да бидат ослободени веќе следново лето.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни