Поврзете се со нас

Англија

Фердинанд има сензационален предлог до Тухел: Оди и „грабни го“, ќе добиеш гаранција за гол!

Објавено

на

Пеп Гвардиола не штедеше комплименти за Серхио Агуеро откако Аргентинецот постигна спектакуларен гол на натпреварот против Кристал Палас, погодок со кој го приближи Манчестер Сити до ново шампионско славје во Премиер лигата.

Шпанскиот стручњак самиот нагласи дека „шампањското веќе се лади“ и не пропушти да потенцира колку го цени Агуеро како фудбалер, без оглед на тоа што постојат огромни шанси наредната сезона да му биде и ривал во Премиер лигата.

Иако првично се споменуваше Барселона како најидеална дестинација, лошата финансиска ситуација на каталонскиот гигант прави опструкции, па во последно време, се повеќе се зголемува можност Кун да остане во Премиер лигата.

Рио Фердинанд е еден од оние кои сметаат дека фантастичниот напаѓач ќе остане во Англија, па му испрати директен совет на Томас Тухел за експресна акција и добивање на „џек-пот“ со Агуеро.

– Мислам дека Агуеро ќе остане во Премиер лигата. Ако сум на местото на Челси и на Тухел, веднаш ќе отидев да го „грабнам“, да го ангажирам Агуеро. Ако бев во Челси, ќе одев и што е можно побрзо ќе го договорев. Ако не можат да земат некого како Халанд и слично, можат да го добијат Агуеро кој е гаранција за гол, – вели Фердинанд, алудирајќи на тоа дека Челси може да го добие Аргентинецот бесплатно поради тоа што по крајот на сезоната е слободен агент.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни