Поврзете се со нас

Англија

Фердинанд има само еден сомнеж околу адаптацијата на Варан во Премиер лигата

Објавено

на

Рио Фердинанд одново беше првиот кој го потврди трансферот на Рафаел Варан уште пред истиот да биде официјализиран од клубовите, но по првичното обраќање во кое не го криеше воодушевувањето, по комплетирањето на зделката, го искажа и единствениот сомнеж кој го има околу 50-милионското засилување.

Манчестер Јунајтед добива еминентен  и елитен стопер од највисок ранг, играч кој со години освојуваше безброј важни титули во Реал Мадрид, тим во кој уште од најрана возраст се претвори во незаменлив стартер заедно со Серхио Рамос.

Фердинанд е убеден дека Варан ќе има одлично партнерство со Мегваер, но вели дека единствено сомнежи му отвора адаптацијата не незгодни терени кај послаби екипи во Премиер лигата.

– Гледано само на хартија, Варан ни носи беспрекорни комбинации во одбраната. Но, сепак, тој треба да сфати дека англискиот фудбал е многу поразличен. Мора да гостувате кај Барнли и кај слични екипи кои имаат такви стадиони.

– Понекогаш во Англија се игра класичен физички фудбал, поинаков од било каде, поинакво од било што искусил досега. Дали може да се справи со тоа? Тоа се прашања за кои ќе треба да даде одговор. Ќе добива топки зад грб, нафрлувања од секакви агли, нешто што сигурно не го гледаме во Шпанија каде темпото е доста побавно и се игра на земја. Ќе биде предизвикан во повеќе аспекти, но сметам дека го поседува цел пакет за да успее, – потенцира Рио.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни