Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Фердинанд и Овен со различна прогноза за тоа кој ќе игра во финалето на ЛШ

Објавено

на

Вчера и завчера се одиграа реванш натпреварите од четвртфиналето во Лигата на шампионите, па сега ги имаме двојките за полуфиналната фаза и тоа се Пари Сен Жермен-Манчестер Сити и Реал Мадрид-Челси.

Тоа се четирите екипи кои се најдобри во актуелнава кампања, но само две од нив ќе обезбедат билет за завршната пресметка, финалето во Истанбул закажано за 28 мај. Се очекува да биде доста интересно, возбудливо, неизвесно до самиот крај на овие битки меѓу „светците“ и „граѓаните“, односно „кралевите“ и „сините“, дуели на кои можат да решаваат нијанси, индивидуални потези, грешки…

Поранешните англиски репрезентативци Мајкл Овен и Рио Фердинанд се одлучија уште отсега да дадат своја прогноза, тип за тоа кој би бил побендик, поточно како би изгледа финалето во елитното натпреварување.

Според Овен повторно ќе имаме англиски финале и тоа меѓу Манчестер Сити и Челси, размислување со кое Фердинан не се согласува и тој оечкува натпревар меѓу Пари Сен Жермен и Реал Мадрид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни