Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Фердинанд и Харгрејвс едногласни околу тоа дали Манчестер Сити може до титулата во Лигата на шампионите

Објавено

на

Рио Фердинанд и Овен Харгрејвс беа стручни аналитичари за вчерашниот натпревар помеѓу Борусија Мехенгладбах и Манчестер Сити.

„Граѓаните“ победија со 2:0 на гостувањето во Будимпешта и со тоа си направија значајна предност пред реванш средбата која ќе се игра на „Итихад“.

Рио Фердинанд го смести Манчестер Сити меѓу фаворитите за освојување на Лигата на шампионите, а како единствени конкуренти за врвот ги гледа Баерн Минхен и ПСЖ.

– Манчестер Сити е меѓу фаворитите. Мислам дека Баерн има искуство и квалитет. ПСЖ исто така. Прашање е дали ќе ги имаат своите крилни фудбалери за евентуален меѓусебен натпревар.  Ако играте со бековите нанапред против тимови кои ги имаат Мбапе и Нејмар во своите редови, тоа е навистина коцка, -изјави Фердинанд.

Од друга страна, Харгрејвс смета дека Манчестер Сити се најголеми фаворити за титулата во Лигата на шампионите посочувајќи дека единствено самите тие може да си направат проблеми.

– Не гледам дека има тим кој би можел да го запре Сити, единствено може сами да се запрат преку некои грешки во текот на натпреварот или некои повредени фудбалери, -заклучи Харгрејвс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни