Поврзете се со нас

Англија

Фердинанд го пронајде клучот за дерби поразот: Една измена предизвика големо нарушување во тимот на Јунајтед

Објавено

на

Foto:instagram.com/rioferdy5

Рио Фердинанд имаше точна прогноза и погоди дека Манчестер Јунајтед ќе загуби со два гола разлика на големото дерби против Манчестер Сити, но откако мечот заврши 3:1, целосната анализа на легендарниот стопер отиде во целосен друг правец.

Фердинанд смета дека неговиот омилен тим одлично се носел на „Итихад“ и успевал да се справи со извонредните оружја на Пеп Гвардиола, се до моментот кога Ерик Тен Хаг беше приморан да го извади од игра Џони Еванс.

Ветеранот пред стартот на сезоната не беше во плановите на Јунајтед, но со својата посветеност и искуство испадна доста важен за холандскиот стручњак, а Рио заклучи дека Јунајтед вчера загубил токму поради повлекувањето од игра на Еванс.

– Повлекувањето на Еванс предизвика големо нарушување во тимот на Јунајтед. Тој беше мирен, целосно ладен и се гледаше неговото искуство на теренот. Тој е добар комуникатор, ги влече луѓето со себе. Можеби не е најбрзиот и најподвижен на теренот, но видовме дека три или четири пати блокираше клучни удари кон голот. Неговата повреда лошо се одрази врз тимот.

– Тоа е нашата реалност во моментов. Еванс беше еден од тројцата најдобри на теренот. Ако го кажавме тоа на стартот на сезоната, многумина ќе мислеа дека тој нема ни да игра на дербито. Според мене, тој беше многу добар, ги одигра двете дерби пресметки против Сити и ги бркаше најдобрите играчи во светот со голем процент на добиени дуели, – заклучи Фердинанд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни