Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Фердинанд го посочи својот фаворит за финалето на ЛШ: Сакам да победат поради него

Објавено

на

Вечерва на „Вембли“ се игра големото финале на Лигата на шампионите, последниот танц за оваа сезона во елитното натпреварувања, борба во која силите ќе ги одмерат Борусија Дортмунд и Реал Мадрид.

Тоа се два клуба со голема историја, традиција, па се очекува да биде возбудливо иако „кралевите“ на хартија се фаворити. Големо внимание предизвикува ова соочување, имаме прогнози од сите страни, а свој збор имаше и легендарниот Рио Фердинанд кој застана на страна на аутсајдерот, поточно сака Дортмунд да победи поради Џејдон Санчо.

-Сакам Џејдон да го освои поради таа причина. Не ми е гајле за Дортмунд, не ми е гајле кој ќе го освои ова, навистина, ако сум искрен. Ама некој како Санчо, би било одлично за младите луѓе да видат луѓе кои можат да поминат низ мал пад во самодовербата.

-Треба да се смените средина, клуб, итн., понекогаш да ве оцрнуваат, да ве критикуваат, но потоа да се излезе на другиот крај и да се продуцираат некои изведби. Дојдете до место каде што всушност, можам да бидам успешен овде сега.

-И тоа само покажува дека ако ја имате таа издржливост и тој карактер и таа поддршка, тогаш сè е можно. Ама видете тој игра против Реал Мадрид. Ќе биде многу тешко, -порача Рио.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни