Фердинанд го посочи најдобриот играч на Јунајтед во големата победа над Јувентус

junajted

Премиерлигашот Манчестер Јунајтед оствари супер значајна победа на гостувањето во Торино кај Јувентус и тоа со пресврт во самата завршница.

Гостите од „Олд Трафорд“ успеаа од 86 до 90 да постигнат два гола и дојдат до триумф со 2-1, триумф со кој направија исчекор кон пласман во наредната фаза во ЛШ. Нормално сите во таборот на Јунајтед беа задоволни од постигнатиот резултат, но според легендарниот Рио Фердинанд еден играч вреди да се издвои како најдобар, најзаслужен и тоа е Антони Марсијал.

-Ова е тоа што го баравме, да влеземе со ваков фантастичен резултат во дербито. Сигурен сум дека самодовербата ќе порасне. Ова е тешко место да се игра, овој стадион, направија да изгледа како тврдина низ изминативе години. Измените, Жозе заслужува голема почит. Мата за голот, Фелаини кој праеше хаос. Мислам дека замените одиграа клучна улога на крајот на мечот. Меѓутоа Марсијал заслужува специјално да биде споменет, мислам дека тој беше најдобар играч на Јунајтед, -истакна Фердинанд.

Facebook Коментари