Поврзете се со нас

Англија

Фердинанд го „пецна“ провокаторот од Астон Вила, бразилскиот репрезентативец одговори на „Икс“ (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/AVFCOfficial

Манчестер Јунајтед победи против Астон Вила на гостувањето во Бирмингем и освои важни три бода во потерата да стигне до место кое води во Лигата на шампионите, триумф кој беше одбележан и со мала тензија во самата завршница.

Се почна со провокативната прослава на Даглас Луиз кој реши да слави во лице на Онана и Варан, но одговорот пристигна од спротивната страна од страна на Расмус Хојлунд.

Данецот ги замолкнуваше фановите на Астон Вила кога го напушташе теренот и така влезе во клинч со провокаторот Даглас, кој по натпреварот беше прозван и од страна на Рио Фердинанд.

– Дали си во ред?, – запраша Рио, откако Јунајтед победи на драматичен начин со гол на МекТоминеј.

– Добар сум, ти благодарам. Сега е карневалски период во Бразил…., – одговори Луиз.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни