Поврзете се со нас

Англија

Фердинанд гледа сличности меѓу Онана и Де Хеа: Ја видов изјавата на Шмајхел….

Објавено

на

Foto:instagram.com/rioferdy5

Рио Фердинанд будно ја следи ситуацијата во Манчестер Јунајтед и дава свои мислења речиси за секој меч кој го игра тимот на Ерик Тен Хаг, па така е и по драматичната победа која ја остварија „ѓаволите“ над Брентфорд.

Јунајтед се спасуваше од пораз, а потоа стигна и до луд пресврт во судиското продолжение благодарение на Скот МекТоминеј, а со самото тоа се подзаборави новиот кикс кој го направи Андре Онана.

Камерунецот има очаен старт на авантурата во новиот клуб и засега се истакнува по несигурноста и направените грешки, па поради тоа често е тема на разговор и меѓу легендите.

Питер Шмајхел стравува дека Онана не може да се справи со притисокот кој го носи голем клуб како Манчестер Јунајтед, додека Рио Фердинанд вели дека е рано да се даваат било какви заклучоци.

– Онана требаше да интервенира при голот на Брентфорд, тоа беше лесна одбрана. Најверојатно го брани тој шут на секој тренинг. Видов што изјави Шмајхел, кажа дека зборувал со него за притисокот кој го носи Манчестер Јунајтед. Во моментов има нервоза и тоа е очигледно и многумина веќе се прашуваат дали ќе може да се опорави.

– Не треба да се суди уште од сега, јас бев во тимот кога пристигна Де Хеа. Тој беше помлад, но неговиот старт беше сличен. Де Хеа немаше добар старт на првите 10 меча и бројките со Онана беа слични. Не треба да повторуваме, мислам дека и самиот Онана е свесен дека не е на нивото. Не е на стандардот кој го бара Манчестер Јунајтед и мора да се ресетира, – изјави Рио.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни