Поврзете се со нас

Англија

Фердинанд ги наброја четирите напаѓачи против кои мразел да игра, посебно изненади со едно име (Видео)

Објавено

на

Рио Фердинанд секогаш се погрижува за добри наслови во јавноста со обраќањата кои ги има на својот јутјуб канал, но сега се погрижи за такво нешто и како гостин во подкастот „Бродтокс“.

Легендарниот стопер на Манчестер Јунајтед во својата блескава премиерлигашката кариера имаше можност да се натпреварува со голем број сериозни напаѓачки имиња, но кога дојде на ред да ги набројува четворица кои му правеле најмногу проблеми, Рио спомена и две ѕвезди кои играа за Реал Мадрид.

Фердинанд посочи дека посебно мразел да игра против Раул Гозанлес и Денис Бергакмп поради паметните движења кои ги користеле на теренот, потоа го споменува Роналдо „Назарио“ поради фактот што бил несопирлив, а посебно изненади што го спомена и незаборавниот напаѓач на Болтон, Кевин Дејвис.

– Прво ќе го кажам Раул….. Како само се движеше на теренот, влегуваше во простор и правеше проблем со позициите на кои се поставуваше. Тој играше многу паметно и ми правеше проблем.

– Истото важи и за Денис Бергкамп. Двајцата влегуваа длабоко и паметно го повлекуваа секој потег, а јас како млад играч сакав да истрчам и оставав огромен простор зад мене. Кога ќе примевме гол, никој не гледаше на мене како директен виновник, но јас во себе знаев дека не сум постапил добро.

– Потоа ќе кажам Роналдо „Р9“. Он ми даде до знаење дека постои повисоко ниво во фудбалот за три или четири пати. Најлудо од се е што првиот натпревар против мене го одигра со четири операции на коленото. Не се осудувам да помислам што ќе правеше со мене ако беше целосно подготвен. Постигна хет-трик на тој натпревар, беше поинаков од другите, едноставно беше Марсовец.

– За мене, посебно тешко беше да играм и против Кевин Дејвис. Пред да ви се приближи топката, тој веќе ве држи и ве гребе со рацете. Беше ужасно да се игра против него, беше навистина гадно и секогаш знаевте дека ќе имате тешко попладне со него, – потенцира Рио.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни