Поврзете се со нас

Англија

Фердинанд ги именуваше двајцата дефанзивци кои Јунајтед не смеел да ги продаде: Тоа беше пародија

Објавено

на

Foto:twitter.com/rioferdy5

Рио Фердинанд сочинуваше еден од најдобрите дефанзивни парови во историјата на Премиер лигата во друштво на Немања Видиќ, а по нивното повлекувања, се чини дека „ѓаволите“ не добија ниту еден сигурен стоперски тандем.

Клубот почна да се губи на трансфер пазарот и испроба низа централни дефанзивци, но легендарниот Фердинанд смета дека најголемата грешка се направила што се дозволиле трансфери на играчи кои ја познаваа културата и важноста на клубот.

Во своето најново обраќање на својот јутјуб канал, Рио именуваше двајца фудбалери кои клубот не смеел да ги продаде, а тоа се Џони Еванс кој беше вратен изминатово лето, како и Крис Смолинг кој беше продаден во Рома.

– Сум го кажал ова повеќе пати, беше вистинска пародија што клубот го продаде Џони Еванс. Никогаш не смееше да му биде дозволено да си замине. Тој беше најдобриот дефанзивец кога јас си заминував, најдобриот стопер. Кога јас и Немања си заминавме, со нас си отиде и искуството. Тој беше човекот кој беше најдобар во дефанзива, не можев да поверувам дека му дозволија да си оди.

– Покрај него, истото важи и за Смолинг. Не ми се верува дека клубот дозволи да си одат, тие беа производство на клубот, ја познаваа културата и во една идеална средина потребни ви се такви фудбалери, – потенцира Фердинанд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни