Поврзете се со нас

Англија

Фердинанд беше ставен на детектор за лаги, остана шокиран по еден негов одговор (ВИДЕО)

Објавено

на

Рио Фердинанд важи за еден од најголемите, најдобрите дефанзивци во историјата на Премиер лигата, а потврда за тоа се големите успеси кои ги оствари како член на Манчестер Јунајтед каде шестпати се радуваше на трофејот во првенството, беа освоени пехари во лига Купот, Комјунити Шилд, а тука е и успехот во Лигата на шампионите (2007/2008).

Тој дефинитивно одбележа една ера, но истото може да се каже и за Вирџил Ван Дајк кој веќе некое време е дел од Ливерпул, клуб во кој одигра клучна улога во успесите во ПЛ, ЛШ, ФА и Лига Купот.

Често знаат да се прават споредби меѓу нив двајца, па токму Рио беше ставен на детектор за лаги и запрашан за тоа дали смета дека Холанѓанецот е подобар играч од него, тој одговори со „НЕ“.

Меѓутоа резултатот беше дека лаже, односно и тој беше шокиран од истиот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни