Поврзете се со нас

Англија

Фердинанд: Англија не треба да го добие СП во 2030 година поради однесувањето на навивачите

Објавено

на

Англиските фанови потфрлија во завршницата на Европското првенство, разочарувајќи ја европската јавност со инцидентите кои ги предизвикаа околу и на „Вембли“, но и со расистичките навреди кои ги упатија на дел од англиската репрезентација.

УЕФА се уште не реагирала со некакви одлуки на оваа тема, но затоа силна порака испрати Антон Фердинанд, братот на попознатиот Рио кој побара сериозни казни за англискиот фудбал.

На прашањето дали Англија поради се што се случи треба да остане без посакуваната организација на СП во 2030 година, Фердинанд имал јасен одговор.

– Дефинитивно треба да има последици за ваквото однесување.

– Само така луѓето можат да научат нешто, иако кај нас е проблем и желбата за учење.

– Дел од луѓето кои навредуваат никогаш нема да знаат што значи некој да те навредува расистички. Проблемот е и кај луѓето кои знаат дека ваквото однесување е погрешно, но молчат. Сите треба да зборуваме на оваа тема, не само тие што се навредени, – изјавил екс дефанзивецот на Вест Хем.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни