Фердинанд со коментар за играчот кој се поврзува со Јунајтед: Тој е одличен, но неговото носење е скапа „коцка“

Rio Ferdinand

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и миленик на фановите на овој клуб, Рио Фериднанд преку својот Инстаграм профил даваше коментари на разни теми поврзани со клубот и општо со фудбалот во светот.

Фердинанд беше запрашан што мисли за евентуалниот ангажман на Џуд Белингем, 16 годишен фудбалер кој се поврзува со Манчестер Јунајтед. Тој иако е толку млад е редовен во тимот на Бирмингем во Чемпионшип лигата и токму поради тоа неговата цена е доста висока, 30 милиони фунти.

– Џуд Белингем е огромен талент, навистина изгледа добро на теренот поради начинот на кој игра и балансот кој го поседува. Тој е навистина созреан за негови години. Нормално дека сакам да видам повеќе од него, а неговата цена е феноменална. 30 милиони фунти за дете, 16 годишно момче, тоа е неверојатно. Но таков е светот на фудбалот сега и начинот на кој треба да размислуваш. Ако платиш 30 милиони фунти и ако го задржиш играчот во следните 10 години, тогаш парите се добро потрошени. Сепак, тоа е коцка, скапа коцка, но момчето игра редовно во Чемпионшип, а бидејќи тој го прави тоа што го прави и изгледа како одличен фудбалер, се чини дека коцката во овој случај е пресметана. Мислам дека тој е играч кој јас би го зел. Ако сум во Манчестер Јунајтед сега, ќе одев и ќе го купев, -изјави Рио Фердинанд.

Facebook Коментари