Поврзете се со нас

Формула 1

Ферари конечно ја погоди стратегијата, Леклер го одбрани второто место во Абу Даби

Објавено

на

Последната трка во сезоната не носеше возбуда како онаа пред точно една година, но сепак донесе директна битка за втората позиција во генералниот пласман, која на крајот му припадна на Шарл Леклер.

После голем број киксови и промашени тактики во сезонава која денеска заврши, Ферари конечно ја погоди стратегијата и успеа да го надмудри Ред Бул во битката која ја имаа Леклер и Перез.

За разлика од Чеко кој двапати влезе во боксот и бираше најтврда компомента, Ферари се реши да ризикува со Леклер со само едно влегување во бокс, а денеска тоа се покажа како добитна стратегија, и тоа за само една секунда.

Иако прогнозите на Ред Бул беа дека Мексиканецот ќе го стигне и ќе го престигне Леклер поради подобрата состојба на гумите, Чеко загуби доста секунди со Луис Хамилтон и заостанатите болиди, па на крајот заврши трет на трката во Абу Даби, а воедно го освои и третото место во генералниот пласман.

Што се однесува до победникот, повторно најдобар беше шампионот Макс Ферстапен, кој одново покажа дека во овој момент е недопирлив во „најбзиот циркус“ и со 15-та победа во сезоната само го подобри својот рекорд.

Од четвртото до деветтото место завршија Саинц, Расел, Норис, Окон, Строл и Рикиардо, а бодови освои и Себастијан Фетел кој ја возеше последната трка во кариерата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни