Поврзете се со нас

Формула 1

Ферари ја откри причината поради која Роналдо не се појавил на денешниот тренинг на Јуве (Фото)

Објавено

на

Кристијано Роналдо го пропушти денешниот тренинг на Јувентус по болниот пораз кој го претрпе тимот во дербито со Милан, а вечерва пристигна точен одговор за тоа што всушност правел Португалецот за време на слободното попладне кое го добил.

Во текот на денешниот ден, сите вести од Торино се поврзани за тоа дали Андреа Пирло и Кристијано Роналдо ќе останат дел од клубот и по крајот на оваа сезона, но пред да се добие официјален одговор на таа тема, мора да се напомене дека главната ѕвезда се уште извршува маркетиншки обврски како дел од семејството на Јувентус.

Роналдо го пропуштил денешниот тренинг поради тоа што ја посетил фабриката на Ферари во Маранело, и тоа во друштво на Андреа Ањели и Џон Елкан, состанок кој секако бил добра причина да го прескокне собирот на соиграчите.

Кристијано пријатно ги изненадил Карлос Сајнц и Шарл Леклер, а Ферари вечерва со официјална објава и ја откри на јавноста главната причина поради која Португалецот не се појавил во тренинг центарот.

Инаку, Роналдо е голем вљубеник во брзите автомобили и има полна гаража со спортски модели, која според „Калчомеркато“ од денеска е збогатена со нов ѕвер од погонот на Ферари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни