Формула 1
Ферари издоминира во квалификациите за првата Ф1 трка во Мајами

Ферари си го резервираше првиот ред за стартот на утрешната Формула 1 трка во Мајами, додека нивните ривали од Ред Бул ќе чекаат шанса од вториот ред бидејќи имаа трето и четврто најдобро време во денешните квалификации на новата патека во шампионатот.
Шарл Леклер стигна до нова пол-позиција во својата кариера, додека Карлос Саинц го комплетираше еден-два триумфот во квалификациите, зад нив се Макс Ферстапен и Серхио Перез, а првата петорка ја заокружи Валтери Ботас, кој имаше уште едно одлично издание во болидот на Алфа Ромео.
Луис Хамилтон може да биде задоволен со шестата позиција и ќе се обиде да им ги расипе сметките на ривалите со побрзи болиди, додека неговиот клупски колега Џорџ Расел е најголемо разочарување во квалификациите бидејќи ќе стартува од дванаесеттата позиција.
Од седмото до десеттото место во квалификациите се пласираа Гасли, Норис, Цунода и Строл.
-
Шпанијапред 6 часа
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Англијапред 10 часа
Клоп: Јас сум виновен за промашениот пенал на Мане (ВИДЕО)
-
Германијапред 8 часа
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 10 часа
Симеоне ја потврди разделбата со Суарез
-
Италијапред 9 часа
Мурињо во свој стил: Конференциската лига е поважна од Скудетото
-
Италијапред 7 часа
Наинголан: Го видовте ли Брозовиќ? Јас тоа да го направев…
-
Италијапред 14 часа
Новиот агент на Погба оди во Торино на финални преговори со Јувентус
-
Македонијапред 3 часа
Инфаркт завршница во Кавадарци: Талески со гол во последната акција го остави Пелистер и без Куп трофејот!