Формула 1
Ферари го назначи наследникот на Биното, промени и во Алфа Ромео и Мекларен

Скудерија Ферари ќе има нов тимски шеф од претстојната сезона, а денеска италијанскиот тим го потврди наследникот на Матија Биното.
Се работи за Франк Васер, кој досега беше тимски шеф на Алфа Ромео, а таа функција ја извршуваше од 2017 година.
Французинот треба да ја продолжи досегашната прогресија на резултатите на Ферари, притоа и да биде решение за честите погрешни стратегии и грешки, кои предизвикуваа револт и кај возачите. Позитивно за Васер е и одличната соработка со Шарл Леклер, со кој има постигнато големи успеси во помладите категории.
Алфа Ромео експресно промовираше замена за Васер, а нов тимски шеф ќе биде Андреас Зајдл. Германецот го напушта Мекларен за да го предводи влегувањето на Ауди во Формула 1, откако германскиот производител веќе се договори да го преземе тимот на Заубер.
Мекларен ќе го замени Зајдл со Италијанецот Андреа Стела.
-
Англијапред 19 часа
Мудрик ужасен во вториот натпревар за Челси, публиката го поздрави со свирежи
-
Англијапред 20 часа
Мејсон Гринвуд ги „раскарал“ челниците на Манчестер Јунајтед: Судбината на фудбалерот неизвесна
-
Светпред 24 часа
Роналдо беснееше по промашените зицери, па конечно погоди од пенал (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Потер пресече за трите нови играчи на списокот за ЛШ, најголем губитник е искусен напаѓач
-
Англијапред 23 часа
Гвардиола ја објасни разделбата со Кансело
-
Шпанијапред 7 часа
ФИФА не го одобри трансферот на Барселона кој се случи во последен час
-
Англијапред 20 часа
Артета откри дека долго го следел Жоржињо и посочи што тој ќе донесе во клубот
-
Англијапред 2 часа
Дајч веднаш донесе нова енергија во Евертон: Лидерот Арсенал изненаден на „Гудисон Парк“ (ВИДЕО)