Поврзете се со нас

Формула 1

Ферари експресно одговори на „провокацијата“ на Тото Волф

Објавено

на

Раководството на Формула 1 тимот Ферари се почувствува повикано да одговори на последната изјава на тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, па неговиот колега од спротивниот табор, Матиа Биното не чекаше предолго да испрати свој коментар.

Волф изјавил дека трансферите кои веќе се најавени, се случиле многу рано, посебно што е навистина тешко да се менаџира екипа во која еден од возачите знае дека заминува по крајот на сезоната.

Во Ферари очигледно се препознаа себеси во коментарот на Волф, знаејќи го фактот дека објавија разделба со Себастијан Фетел и ангажман на Карлос Саинц на неговото место.

– Се радувам што Мерцедес секогаш има став за нашите потези со пилотите. Исто така, лично сум разочаран што тие не потпишале нов договор со Луис Хамилтон, да бев јас на нивно место, тоа ќе го направевме многу порано.

– Нашите одлуки се донесени за да бидеме чисти кон Фетел. Тој треба да размислува за својата иднина и нема зошто да ја одложуваме одлуката, – порачал Биното.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни