Поврзете се со нас

Свет

Фер-плејот не постои во Јужна Америка: Голманот на Боливија се повреди, Варгас ја „собра“ топката и постигна гол (Видео)

Објавено

на

Чиле е далеку од деновите кога се бореше за приматот најдобар тим во Јужна Америка, а најдобар доказ се квалификациите за Светското првенство во кои оваа селекција има само една победа, две реми средби и дури пет порази.

Петтиот неуспех пристигна рано утрово од селекцијата на Боливија, а гостинските фудбалери имаа двојна причина за радост поради една неверојатна ситуација во 39-та минута.

При резултат 0:1 за Боливија, голманот Карлос Лампе се повреди откако една топка беше вратена од средината на теренот, но најблиску до него беше Едуардо Варгас кој реши да ја „собере“ топката и едноставно да ја спроведе во празната мрежа.

Чилеанскиот ветеран не покажа класа во оваа ситуација и не го испочитува фудбалскиот фер-плеј, па за тоа брзо доби сериозни забелешки од ривалите на теренот.

Варгас не сакаше да ги слуша поплаките и ги игнорираше противничките фудбалери, но кармата брзо ги стигна него и неговите соиграчи, бидејќи Боливија постигна втор гол пред крајот на првиот дел, кој на крајот се покажа како клучен за победа.

По оваа контроверзна ситуација, голманот на Боливија не можеше да го продолжи мечот и излезе од игра, а стрелец на голот за победа беше Мигуелито.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни