Поврзете се со нас

Свет

Фер-плеј потег на викендот: Дефанзивецот се повреди при спринт, напаѓачот ја прекина контрата (Видео)

Објавено

на

Фер-плејот е мотото кое го промовираат ФИФА и УЕФА со години наназад и оваа вредност е составен дел од суштината на фудбалската игра, која за жал во модерното време често знае да изостане од најквалитетните натпревари.

За среќа, постојат фудбалери кои од време на време знаат да не потсетаат дека фер-плејот се уште е жив, а таков е Бард Фине од екипата на Бран кој направи извонреден потег за време на натпреварот против ОД.

Натпреварот од Првата фудбалска лига во Норвешка стана вирален хит во оваа земја, но видеото се прошири и на социјалните мрежи поради коректниот потег на офанзивниот фудбалер на гостите.

Бран тргнал во еден контра напад во 22-та минута од средбата, но еден од дефанзивците на домашниот тим се повредил за време на спринтот и потоа следеше интересен момент.

Фине забележува дека противникот си нанесе штета самиот на себе, па наместо да ја продолжи контрата и да излезе сам пред голот, решава да ја прекине акцијата и овој негов потег наидува на огромен поздрав.

Уште повпечатливо е што ова го прави на резултат 0:0 и тоа на тешко гостување кое на крајот за неговиот тим заврши со неповолни 2:0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни