Поврзете се со нас

Свет

Фер-плеј потег на годината: Напаѓачот на Порто излезе сам пред голот, па реши да ја прекине акцијата (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/FCPorto

Порто влезе во победнички ритам и во овој момент е единствениот тим кој може да го следи Спортинг, а тоа го потврди и на вчерашниот дуел против Ешторил во домашното првенство.

Натпреварот на „Драгао“ мина во знакот на домаќините и Порто славеше со убедливи 4:0, но хајлајт од мечот е потегот кој го режираше младиот Пепе во првото полувреме.

Иако Пепе постигна гол за водство од 2:0, пред да дојде до тоа режираше момент кој вреди да се одбележи, а кој во Португалија веќе го прогласуваат за фер-плеј потег на годината.

Пепе доби дуел со противничкиот дефанзивец и излезе сам пред голот на Ешторил, но наместо да шутира, реши да ја прекине акцијата поради болките на ривалот.

Стоперот на Ешторил си ја повреди задната ложа и веднаш стана јасно дека не може да продолжи, па наместо да го користи неговиот пех, Пепе реши да застане и да ја прекине играта.

Овој негов потег е најсподелуван во Португалија, а за истиот доби честитки и од ривалите.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни